понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кузмановска: Државата се задолжува, економијата паѓа, куповната моќ на граѓаните е загрозена- ова е билансот од 8 месеци власт на СДСМ

Кузмановска: Државата се задолжува, економијата паѓа, куповната моќ на граѓаните е загрозена- ова е билансот од 8 месеци власт на СДСМ

Македонија доживува економско фијаско. Денеска СДСМ се задолжува за нови 24 милиони евра. И ова е трето задолжување за само три недели, со што вкупната сума за која што СДСМ ја задолжува земјава од почетокот на година се искачи на 600 милиони евра. Од нова година наваму, расипничката власт го задолжи секое 4 члено семејство за 1.200 евра. Пари кои утре треба да ги враќаат нашите деца, истакна Лилјана Кузмановска на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште потрагично е што неспособната влада на СДСМ нема реализирано ниту еден инфраструктурен проект, ниту пак го подобрела стандардот на граѓаните. Државата се задолжува, а парите завршуваат по нечии џебови. Со месеци беа стопирани сите проекти, а ниту еден нов капитален проект не е отпочнат. Пензиите не само што не се покачија, туку се укина и предвиденото покачување од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема пари ниту за ветената просечна плата од 30.000 денари, ниту за плата од 100.000 денари за докторите. Нема пари ниту од ветениот поврат од 30-000 по основ на ДДВ, кој што Заев го ветуваше за секое четиричлено семејство на крајот на годината, рече Кузмановска и додаде:

„Откако СДСМ дојде на власт, за 8 месеци ја задолжија државата за 1.3 милијарди евра. Го предвидоа досега најобемниот буџет со огромен буџетски дефицит, но со скоро никакви зголемувања во делот за капитални инвестиции. Ништо од ветените 5% годишен раст. Растот на економијата за првите три квартали е негативен. Трошоците на живот пораснаа за 1,4%, а цените на мало за 3,2%,  во исто време кога просечната плата не се зголемува, што директно влијае на стандардот на граѓаните на неговото намалување а зголемување на немаштијата. Државата нема никакви изгледи за развој. Индустриското производство кое е мотор на економијата во август падна за 5.3%, рударството за 6.1%, а преработувачката индустрија падна за 8%. Ова потврдува дека економската слика на државата е катастрофално лоша со тренд на дополнително влошување“.

Од друга страна, потенцирашее таа, Заев, Анѓушев и Тевдовски не се откажуваат од луксузот и расфрлањето.

-Воведуваат нови функции и нови буџетски дополнителни трошоци. Сето тоа на товар на граѓаните. СДСМ со секој свој чекор во економијата удира по сиромашните. Државата се задолжува, економијата паѓа, куповната моќ на граѓаните е загрозена. Ова е билансот од осум месеци власт на СДСМ. Граѓаните се притиснати на дното, а државата и понатака ги турка кон дното.

Најнови вести