сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Карамбол на патот Велес – Штип: Излизгани неколку возила, повредени 3 лица (ФОТО)

Карамбол на патот Велес – Штип: Излизгани неколку возила, повредени 3 лица (ФОТО)
ФЕЈСБУК

Сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила се случила вечерва на патот Велес – Штип.

Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица.

ФЕЈСБУК

-Кај местото Три Чешми во услови на снег и лизгав коловоз се случила сообраќајна незгода во која учествувале 6-7 возила. Најпрво едно возило удрило во столпчиња, а во него потоа се случил верижен судир. Три лица се со полесни повреди. Нема застој во сообраќајот и истиот непречено се одвива. Полицијата врши увид, изјавија од СВР Велес.

„Внимателно на Три Чешми во близина на влезот пред Штип од патниот правец Велес – Штип. Сообраќајна несреќа во која учествуваат шест до седум возила од кој некои влетаа отпосле по првичната сообраќајка. Има луѓе на патот покрај возилата кои чекаат полиција и шлеп-служба. Внимателно за да не дојде до жртви“, се вели во апелот на социјалните мрежи.