среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ромеро во Јувентус за 20 милиони евра

Ромеро во Јувентус за 20 милиони евра

Шампионот Јувентус го договори трансферот на одбранбениот играч на Џенова, Кристијан Ромеро, објавија италијанските медиуми.

Според „Ла Сатмп“ износот на трансферот ќе биде 20 милиони евра. Информациите од таборот на Јувентус велат дека аргентинскиот играч ќе остане во Џенова до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Торино.

Во Јувентус беа импресионирани од тоа како Ромеро играше против нив, особено како го чуваше Кристијано Роналдо.

Дваесет годишниот играч оваа сезона одигра 11 натпревари за Џенова и постигна еден гол.

МИА