понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Крвава драма во Велес- Му влегле дома додека спиел и го претапале: Ако пријавиш ќе те убиеме!

Крвава драма во Велес- Му влегле дома додека спиел и го претапале: Ако пријавиш ќе те убиеме!

Вистинска драма се одвивала ноќеска 30 минути по полноќ во Велес, на улицата „Благој Страчковски“.

Додека З.А.(38) спиел во својот дом, насилно му влегле Е.Џ., С.Џ., А.Џ. и Р.В.

Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убиел оштетениот, а веднаш потоа сторителите го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело.

Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат.

Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил во куќата на неговиот татко и неговиот брат.

Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести