Најстудено утрово е во Берово, минус осум степени, а во Крушево се измерени максимални два степена.
Според УХМР, минус шест е во Скопје Петровец, минус пет во Струмица, Битола, Маврово, Тетово, Гевгелија и Демир Капија, минус четири во Охрид, Крива Паланка, Скопје и Штип, минус три во Прилеп и Дебар, минус два во Охрид, Претор и Лазарополе, минус еден во Виница и Дојран, нула во Ѓуриште и Пожаране, а еден степен е во Тополчани.
Висината на снежната покривка до осум часот е четири сантиметри во Пожаране и три во Маврово.
Преку ноќта беше ведро, тивко и студено. Изутринава е сончево, тивко и студено. По котливите е магливо, само на повисоките места и на планините има слаб ветер со од променлив правец.
Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска слаба магла, како и со мала облачност. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен северен ветер со променлив праве. Масималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко со слаба магла и максимални 10 степени.
До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневните температури По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Од петок се очекува извесно зголемување на облачноста и опаѓање на дневната темпертура. За наредниот викенд следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.