сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Харадинај соопшти дека Косово ја прекинало комуникацијата со УНМИК

Харадинај соопшти дека Косово ја прекинало комуникацијата со УНМИК

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, соопшти дека Косово ја прекинало комуникацијата со Мисијата на Обединетите нации во Косово (УНМИК) додавајќи дека писмата што Мисијата ги праќа до ОН не ја отсликуваат реалноста.

Изјавата на Харадинај следува кога генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, посочи дека најголем проблем во односите помеѓу Белград и Приштина е таксата од сто отсто на српските производи што се увезуваат во Косово.

Ние не комуницираме повеќе со УНМИК. Тие ги пишуваат овие писма и ги праќаат таму, а писмата не се одраз на вистината. Тензиите помеѓу Косово и Србија ги создаде војната, нанесените штети и големата болка, како и нерешавањето на односите со договор за признавање, рече Харадинај.
Премиерот на Косово повтори дека нема да има корекции на границата меѓу Косово и Србија.