вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со автомобил удрил во метална ограда, повреденa малолетнa девојкa

Со автомобил удрил во метална ограда, повреденa малолетнa девојкa

Во 02,30 часот било пријавено дека во Берово на раскрсницата од улицата „Пионерска“ и улицата „Карпош“ патничко моторно возило “БМВ X5“ со бугарски национални ознаки, управувано од 31-годишниот М.К. од Берово, удрило во метална ограда од двор.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 17 годишна сопатничка, која со возило на Итна медицинска помош-Берово била пренесена во Клиничката болница во Штип, а потоа во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово и се работи на целосно расчистување на случајот.