понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со закон ќе се забрани вонбрачен секс

Парламентарна комисија работи на измени на Законот што важи уште од колонијалното доба, а чијшто нов предлог содржи забрана за сексуални односи помеѓу партнери кои не се во брак, како и истополови односи, што досега не било нормативно регулирано. 
Со закон ќе се забрани вонбрачен секс

Парламентот на Индонезија разгледува предлог измени на кривичниот Закон за забрана на вонбрачни сексуални односи.

Парламентарна комисија работи на измени на Законот што важи уште од колонијалното доба, а чијшто нов предлог содржи забрана за сексуални односи помеѓу партнери кои не се во брак, како и истополови односи, што досега не било нормативно регулирано. Прељубата и претходно беше забранета, но сега забраната се проширува.

– Вистина е дека мнозинските верски групи во Индонезија имаат исти вредности, а ревизијата е глас на мнозинството и сите култури во земјата, изјави Евис Сунарти, член на Христијанската алијанса којашто, меѓу другите, ги поддржува измените во Законот.

Јавната расправа е во тек, и се чини дека мнозинството партии ги поддржуваат новите прописи, посебно оние со кои се забрануваат хомосексуални односи.