Свршеницата на Роналдо, Георгина Родригез ужива во луксуз, а последната фотографија на социјалните мрежи предизвика лавина од коментари.
Кристијано Роналдо во текот на својата кариера заработил огромна сума на пари, а и понатаму заработува како од договорот со Јувентус, така и од други спонзори.
Фудбалерот сака да троши не само на себе, туку и на своите драги личности.
Георгина на социјалните мрежи се пофали со нова фотографија која ја доби од својот сакан.
Станува збор за „Луј Витон“ пижама која чини 2.700 евра.
Луѓето си критикуваат за се, па така и за оваа фотографија. Во коментари порачаа дека оваа голема сума на пари можела да ја донира или потроши на нешто попаметно