четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожарникарите водат жестока битка со огнот: Гори пазарот во Тузла (ВИДЕО)

Пожарникарите водат жестока битка со огнот: Гори пазарот во Тузла (ВИДЕО)

На градскиот пазар во босанскиот град Тузла денеска изби голем пожар.

Засега не е познато дали има повредени. Како што пренесуваат босанските медиуми, огнот за кратко време зафатил поголем дел од пазарот.

Во моментов сите противпожарни екипи се на теренот и се обидуваат да го запрат ширењето на огнот.

Според првичните информации, на пожарот му претходдело експлозија на плинска боца.