четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ова е лицето на монструмот: Хрват си ги фрли своите четири малолетни деца од прозор

Ова е лицето на монструмот: Хрват си ги фрли своите четири малолетни деца од прозор

Јосип Роѓак (54) е таткото кој утрово си ги фрли своите 4 малолетни деца од прозор на хрватскиот оствор Паг од првиот кат на неговата куќа.

Како што јавува Индекс.хр, тој работел како ноќен чувар во автокамп, а во моментов е на распит во полицијата.

Како што јавува радиото Паг, Јосип бил под надзор на Центарот за социјална заштита, а ќерката на неговата сопруга од нејзиниот претходен брак им била одземена.

Според нивни извори, таа самата побарала да си замине од ова семејство.