Најновата објава на пејачката Јелена Карлеуша на социјалните мрежи направи вистински хаос и паника.
Станува збор за фотографија на која Јелена позира пред гроб на чиј споменик пишува ни повеќе ни помалку „Естрада“.
Пејачката е облечена во бело од глава до пети, а покрај гробот таа остава и ружа со насмевка на лицето.
Откако целата фотографија ги збуни фановите и нарави вистински хаос, таа напиша дека се работи за нејзиниот нов албум.
Иако фотографијата е фотомонтажа многумина коментираат дека таа е морбидна, додека други се воодушевуваа од нејзината храброст.