вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се опоравуваат децата, чиј татко ги фрли од балкон: На монструмот му се заканува затворска казна и до 50 години

Се опоравуваат децата, чиј татко ги фрли од балкон: На монструмот му се заканува затворска казна и до 50 години

Здравствената состојба на девојчето од Паг, кое се лечи на Клиничкиот болнички центар во Загреб и понатаму е стабилна, а останатите три деца кои се хоспитализирани во Задар, исто така добро се опоравуваат, откко пред неколку дена нивниот татко ги фрли од балконот на семејната куќа.

„Состојбата на седумгодишното девојче е стабилна, нема нови компликации“, изјавил за агенцијата Хина, доктор Миливој Новак од Единицата за интензивна педијатриска нега при КБЦ Загреб.

Од сите четири деца кои таткото ги фрли од балкон, ова девојче се здоби се најтешки повреди.

„Останатите три деца се на возраст од три, пет и осум години. Тие се на лечење во Општата болница во Задар, се опоравуваат според очекувањата“, потврдува заменик директорот на Болницата, Еди Каруц.

Таткото на децата, педесет и четиригодишниот, Јоспи Роџак заработи мерка притвор. Тој е осомничен за обид за тешко убиство, што според хрватската законска регулатива, предвидува затворска казна и до педесет години.

Иако Роџак досега се брани со молчење, тој за полицијата дал изјава во која навел дека многу ги сака своите деца и дека не знае зошто го сторил тоа.