По разводот на Дивна Карлеуша со таткото на пејачката Јелена Карлеуша заплови во љубовна врска со пејачот Велимир Митровиќ кој е некогашен член на групата „Добри момци“.
Дивна и Велимир беа во врска 17 години се до 2009-та година кога ја раскинаа љубовната врска.
По тажните вести за смртта на Карлеуша српски „Телеграф“ побара изјава од пејачот 10 години откако не е во врска со веќе починатата Дивна.
-Се што можам да ви кажам е тоа дека сум во шок, веста тешко ме погоди. Дивна ќе ја паметам како насмеана, весела и нежна, шармантна, паметна способна и храбра жена која се додека бевме заедно беше со мене и секогаш за мене и до мене. Никогаш нема да ја заборавам, изјавил тој за српски „Телеграф“.
Инаку тие се разделија кога ќерката на Дивна, пејачката Јелена ја роди ќерката Атина, a Јелена една година претходно сними спот со момчето на нејзината мајка, слушнете го во продолжение.