петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Хјустон обезбеди место во плеј-офот

Хјустон обезбеди место во плеј-офот

Кошаркарите на Хјустон рокетс забележаа победа на гостувањето кај Њу Орлеанс во првиот од четирите НБА натпревари одиграни ноќта меѓу недела и понеделник. Со овој триумф Хјустон и теоретски го потврди пласманот во разигрувањето за титулата.

Постигнати резултати:

Њу Орлеанс – Хјустон 90:113
Бостон – Сан Антонио 96:115
Голден Стејт – Детроит 121:114
Лос Анџелес лејкерс – Сакраменто 111:106.

Покрај Хјустон, место во плеј-офот од Западната конференција имаат обезбедено Голден Стејт и Денвер, додека од Истокот, сигурни учесници во разигрувањето се Милвоки, Торонто, Филаделфија и Индијана.