недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Харден се враќа во Хјустон?

Харден се враќа во Хјустон?

Американскиот кошаркар Џејмс Харден изрази желба да се врати во Хјустон Рокетс, пишува Адријан Војнаровски.

Добро информираниот кошаркарски известувач и инсајдер на „ЕСПН“ вели дека Харден сериозно размислува за враќање во Тексас. Според неговите информации, Харден би се одлучил на овој потег доколку не се договори со Филаделфија околу нова соработка.

Џејмс Харден веќе некое време размислува за враќање во Хјустон, а приказната сега е доста сериозна, бидејќи неговата ситуација во Филаделфија е нестабилна.

Исто така се наведува дека останувањето на Харден во голема мера ќе зависи од неговата соработка со Џоел Ембиид, особено во плеј-офот кога тимот нема право на кикс. Харден потпиша двегодишен договор со Сиксерси вреден 68,6 милиони долари.