Напаѓачот на Тoтенхем, Хари Кејн, го постигна израмнувачкиот гол вчеравчер на гостувањето кај Ливерпул (2:2) и влезе во „Клубот 100“.
За Кејн ова беше 22. гол оваа сезона во Премиер лигата и јубилеен 100-ти за него во Англиското фудбалско првенство.
Голгетерот на Тотенхем погоди од пенал во петтата минута од судиското надополнување и му донесе бод на својот тим на тешкото гостување на „Енфилд“.
Само осум минути претходно (87. минута) истиот фудбалер не реализира удар од 11 метри.