петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Хорор во Кочани: Се скарал со својот син па го прободел со нож

Хорор во Кочани: Се скарал со својот син па го прободел со нож

На 11.04.2019 во 19.05 часот во Полициската станица Кочани, од Медицински центар Кочани било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен М.Г.(39) од Кочани.

Според пријавеното, истиот ден околу 18.45 часот во домот на ул.„14-та Бригада“ во Кочани, по вербална расправија, Љ.Г.(58) од Кочани со нож му нанел повреда на неговиот син М.Г.(39).

По укажаната помош во болницата во Кочани тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен, а Љ.Г. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица во Кочани. По целосно документирање на случајот против Љ.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.