сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма на граничниот премин во Дебар: Лице со најлонска кеса полна со дрога сакало пеш да ја премине границата, полицијата пукалa

Драма на граничниот премин во Дебар: Лице со најлонска кеса полна со дрога сакало пеш да ја премине границата, полицијата пукалa

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ вчера во 20:30 часот кај гробиштата во село Спас, дебарско, забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.

Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата.

Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија.

Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.