Кристијано Роналдо и Јувентус вчера испаднаа од Лигата на Шампионите, а светот ова деноноќие навистина нема милост кон нив.
Хејтерите на Роналдо и Јувентус од вчера смислуваат фори на сметка на фудбалерот и тимот, додека неговата девојка како да е падната од друга планета.
Вчера Георгина Родригез на својот Инстаграм профил објави фотографија од трибината на стадионот на Јувентус, додека утрово на нејзиниот Инстаграм профил сподели фотографија во костим за капење.
Иако таа не го спомена Роналдо, фановите во коментарите под фотографијата ја нападнаа со илјадници коментари за поддршка за нејзиното момче Роналдо.
Георгина и Роналдо инаку се во врска од 2016 година и заедно одгледуваат четири деца, три на фудбалерот и едно заедничко.