четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Деца мигранти се возеа со папата во „папамобилот“ (ФОТО)

Деца мигранти се возеа со папата во „папамобилот“ (ФОТО)

Папата Франциск денеска во својот „папамобил“ повози осум деца мигранти кои неодамна стигнале во Италија од Либија.

Франциск децата, кои дошле од Сирија, Нигерија и Конго, ги зема на почетокот од неговата неделна аудиенција и ги повози околу Плоштадот Свети Петар на задното седиште. Децата се радуваа и мафтаа, пред да се разделат од папата со прегратки и селфија.