четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Маслосување

Маслосување

Очигледно е дека власта се обидува на секој начин да не маслосува. Впрочем кампањата која ја водеа за претседателските избори не ја завршија. Како по автоматизам си поминаа во континуирана кампања за претстојните парламентарни избори (редовни или малку предвремени сеедно е), но проблемот е во тоа што овој видлив популизам е едно обично маслосување на јавноста. Секако дека СДС имаат добро искуство во манипулирање со јавноста, тоа и го покажаа во минатото, но да се маслосува е навистина бесрамно.

Кога сме веќе кај маслосувањето, како по правило за сите глупости на СДС-то виновни ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и нормално Груевски од далечина. Ова е добра забава за народ и дефокусирање на јавноста од трагичната состојба во која ни се наоѓа општеството, но не ја менува реалноста која е ужасно страшна. Така господинот шарен револуционер, постојано присутен на дебати за секакви политички теми во јавноста, член на парламентарната комисија за контрола на работата на безбедносните служби, учесник во реформите на безбедносните служби и пратеник во Македонското Собрание, како и поранешен студент на факултетот за безбедност Павле Богоевски не маслосува со приказната за маслото од канабис. Но, не е проблемот што тој се обидува да не маслосува, бидејќи правото да се брани кога е фатен во недело е загарантирано и со устав, туку проблемот е во етичкиот однос кон јавноста и прашањето: „Како бе Павле ќе одиш во контрола на службите за безбедност, а самиот се занимаваш со криминали“? Друго е прашањето зошто Јавното обвинителство не започне истражни дејствија врз основ на добиените сознанија. Доколку незнаат од каде да почнат, еве како лојален граѓанин на Република Македонија ќе им помогнам со совет: „Направете тестирање на Богоевски дали е позитивен на метаболи на кокаин и хероин (мислам дека во прашање е кокаин), тоа се прави многу бргу, а врз основ на резултатите кои би се добиле доколку за еден-два часа доколку се покаже дека е позитивен со него би поразговарале инспекторите од криминалистичката полиција. Очекувам дека како поранешен студент на факултетот за безбедност и под влијание на своите професори и особено колешката Ременска ќе соработува со полицијата во откривање на дилерот и мрежата и така на дело ќе покаже дека не е учесник во криминал туку просто уживател на психотропни супстанци и нема да подпадне под кривичен прогон по член 215 и 216 од Кривичниот законик на Република Македонија. Етичноста кон граѓаните, неговите другари од шарената револуција и вршењето на функцијата пратеник ќе ја докаже многу едноставно, со оставка.

И толку за Павле и неговите човечки слабости. Но, тука не престанува маслосувањето, затоа што да беше само Павле ќе простеше народот како што им го прости Боро-Малборо или не го прости незнам? Маслосувањето продолжува и тоа со сите можни пумпи за прскање в очи за да не се гледа и со помош на сите медиумски столбови на политиките на СДС-то. Така, хит стана изјавата на Заев дека навистина ќе мете, но веројатно откако претходно ќе испрска со масло за да не се крева прашина многу и да оди помазно. За таа цел еве го од нафталин Тито Петковски кој не убедуваше во сериозноста на Заев да маслосува, пардон да мете. Толку уверливо го кажуваше тоа што дури им очита лекција и на ДУИ по принципот „думам ти ќерко, сети се снао“. Таман заврши Тито, кога еве го Филипче со одбрана на глупавата идеја за не запишување (непримање) на децата во прво одделение доколку немаат потврда дека ги имаат примено сите предвидени вакцини. Глупост до глупост и маслосување на народот во насока дека ете нешто се работи и се воведува ред. Откако претходно токму Филипче придонесе да се изгуби доверба во исправноста на вакцините и успешноста и потребата за вакцинација, сега ќе се наоѓаат ступидни решенија. Морам и тука да ви дадам неколку совети, не поради вас, туку поради граѓаните и нивната благосостојба, бидејќи што се однесува до мене, колку и да маслосувате спремни сте да паднете од власт доколку утре. Сепак ускратувањето на правото за школување, а при тоа школувањето во основно и средно образование е задолжително, владата и министерството за здравство го кршат Уставот и неколку закони. Впрочем се крши и законот за здравство во однос на законски одредената обврска за задолжителна вакцинација на населението и доколку се одбие ваква здравствена мерка се преземаат санкции. Одтука, нема потреба да измислувате топла вода и да не маслосувате, едноставно спроведувајте го законот. Па нели и Пендаровски (патем Тито Петковски токму за тоа го величаше) вети дека ќе се бори за владеење на правото и спроведување на законитоста. Еве ви шанса да со спроведување на закон директно го заштитите населението посебно младите генерации, а не да глумите демократи, а всушност колективно не маслосувате. Она околу нова опрема, чистење на операциони сали и други глупости се чисто маслосување, треба да му признаете на народот дека всушност немаме доволно медицински персонал кој би работел особено во хирургијата и субспецијалностите. Тоа е ваша вина, бидејќи лажевте и за тоа дека ќе ги вратите младите во Македонија, а вие уште повеќе ги поттикнавте да си заминат, така што остануваме без секаков вид на специјалисти не само во медицината. Решението за ова нема да ви го кажам иако има и тоа многу брзи и ефикасни решенија и знам дека може да се регенерира македонското општество и има квалитетни луѓе во Македонија кој знаат како тоа може да се реши.

Сега ни останува уште да видиме на дело како Заев ќе не маслосува во контекст на метењето па да се позабавиме и со тоа во политичката прагма која во Македонија СДС-то ја направи монти пајтоновска.

На крајот, на Заев и СДС-то им советувам да се подготват за заминување, бидејќи тоа за што ги донесоа на власт (промената на името на државата) го завршија, а знаеме дека сте безидејни и само непотребно ни го трошите времето и тоа не само нам, туку уште повеќе на идните генерации.

Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!

Вонреден професор д-р Оливер Андонов