четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Закана за бомба во Судскиот совет на Косово

Закана за бомба во Судскиот совет на Косово

Судскиот совет на Косово претпладнево добил анонимна закана по телефон за поставена бомба во неговите простории, јави дописникот на МИА од Приштина.

По добиената дојава полициски екипи излегоа на местото на настанот и го обезбедуваат објектот кој се наоѓа во центрот на градот.

Инфрмацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на приштинската полиција Фљора Ахмети, која изјави дека е започната истрага за откривање на идентитетот на лицето кое се заканило по телефон.