СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“.
На 09.04.2019 година околу 18:00 часот во Куманово на улицата „Тоде Думба“, во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко Д.Н. при што му нанел тешки телесни повреди.