вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Колумни

Неподносливоста на релативизирањето

Неподносливоста на релативизирањето

Кога пред две и пол години се зборуваше за со што се е спремна оваа гарнитура да направи, многумина се смееја, велеа дека непотребно се плаши народ, дека се продаваат пувки за да некој не оди во затвор, дека се крева тензијата и дека никој нормален не би направил ни приближно од тоа со кое наводно бевме заплашувани.

Искрено, ни јас секогаш не верувам во изјавите и ветувањата на политичарите, не верувам во апокалиптичните сценарија, но денес, нешто повеќе од 30 месеци по последните парламентарни избори, ама сега веќе НИШТО ВЕЌЕ НЕ СМЕШНО!

Моите ставови од секогаш биле дека: џабе зборуваме за ЕУ, НАТО, интеграции, Запад, стандард и се останато, додека не се промениме самите. Додека не ја промениме свеста, однесувањето, почитта кон стручните, компетентните, чесните. Додека не почнеме да внимаваме на загадувањето, ѓубрето, бучавата, туѓото етничко, верско, родово, сексуално, политичко право… но преку едукација и добар пример, а не преку наметнување и репресија. До тогаш НЕМА ДА НЕ БИДЕ!!!

Актуелната власт се излета по секоја цена да тера агенда да ги удоволи сите, политички. Албанскиот политички фактор, одредени „таргет“ групи, Бугарија, Грција, Албанија …дури и Дедо Мраз да слезеше со ирвасите и за него ќе имаше нешто.

Заборавија нешто многу битно. Политичките критериуми беа единственото нешто кое остана кога се работеше! После чистките, хајките и целата фарса, стана јасно дека секој гледа да си го заштити задникот или да наплати, а како и секогаш колатерала одат обичните смртници. Оние идеалистите, оние кои верувале или се уште веруваат во нешто.

Знаете што најмногу боли? Кога си свесен и кога знаеш, претчувствуваш каде одат работи, што се ќе се случи, само не знаеш кој ќе се нафати да го реализира истото и до каде ќе оди, а исто времено не ти се верува како некој ќе се обидува да го брани и со кои аргументи.

Да, Македонија треба да се стреми кон одредени Западни вредности. Да, треба да се интегрира, вклопи и напредува. Но, Македонија во моментов е еден обичен дисфункционален протекторат со куп ликови со флуктуирачки идентитет во зависност од тоа кој плаќа, други групи на кои некој им направил филм да чезнеат за други држави, само не својата, и трета група на која и е смачено од се и е спремна да остави се и или да се бори од тужина, или да расчисти со своето минато и се вклопи таму каде што ќе оди.

Скоро триесет години преговаравме за ИМЕ НА ДРЖАВА. Ни сменија Устав, знаме, преамбула, се откажавме од МАКЕДОНЦИТЕ во соседните земји, за да на крајот и покрај уверувањата дека нема ништо, во уверенијата за државјанства пишува дека сме родени во Северна Македонија??? Извинете, јас сум роден во СФРЈ, Социјалистичка Република Македонија. Се сменија називите на куп културни установи. Се преговара за цела наша историја. Сменивме име на автопат, на аеродром. Сега излегуваат ликови и велат следи ХИМНАТА?! Армијата ја преименувавте, академијата на науки и уметности, стадионот… за што?!

Озбилно! За што? За да Европа ви врзе шамар и ви каже дека гледа што правите и дека вака нема напред. Каде ви беше заштитниот механизам? Каде ви беше условот, ако нема ова, ние нема ова?!

Како човек се чувствувам навреден, понижен, огорчен, девалвиран. Времето покажа дека воопшто не се работи за името на државата, туку за постоењето на МАКЕДОНЕЦОТ. Дека идеата е да не НЕМА!

Искрено, гајле ми е и за 500 евра плата, и за се за што сите комплет го фарбате и стрижите народот. Веќе не се селат сиромашните и селаните. Сега се селат урбаните, паметните и успешните. Се селат луѓе со се деца, веќе влезени во своите 40ти години. Се селат луѓе со висок стандард.

Сакаат бре ред! Сакаат мир, тишина, култура, квалитет, ниво, спортски терени… Сакаат паркинг среден, чист тротоар, да нема кафич со летна тераса во станбена зграда и да рока музика цела ноќ, сакаат хигиена, болници средени, школи средени, игралишта, а не сакаат глутници кучиња кои напаѓаат, мајстори кои наплаќаат само во кеш и плус не завршуваат работа ко што треба, арогантни службеници, вработување на неспособни морони, не сакаат отворени дискотеки во центар град кои ги мрднуваат до 4 сабајле, верски објекти со појачала, некоординиран превоз, мотори и скутери кои возат по пешачки патеки, дивоградби и набилдани маркици за градба без резон… е тоа смета!!!

Нема иднина, драги мои!

За две години, покажавте дека немате намера да подобрите ништо. И тоа што го подобривте и потсредивте е реална шминка и фасада. И да, не проаѓа вадењето на претходните. Нив ги нема. Патем, најлошите и најкорумпираните, ги присвоивте во своите редови, за глас и поддршка.

Народот е уморен. Барем оној кој води, знае и умее. Ви останаа само теткици во тренерки кои сакаат да ги усвоите и ви кажуваат колку сте убави и паметни. Фризерки, билдерки, кафекуварки и слични.

Е па со нив да ги отварате поглавјата за во ЕУ, нормално ко ќе ви дадат датум!

Јас и еден куп други секојдневно сурфаме, се распрашуваме и информираме за селење …таму каде што ќе не примат со актуелниот пасош, како ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ! Терајте, договарајте се партиите, еве ви ја цела државата, 25.713 километри квадратни, правеше што сакате!

Збогум!

 

Александар Ристевски