За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар почна Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12-ти јули.
Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден.
Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.
Во среда и петок јадењата се на вода, односно се подготвуваат без масло.
Понеделник, вторник и четврток се со масло, а во сабота и недела дозволено е јадење риба.