На 16.07.2019 околу 23:45 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во с.Стајковци, скопско, Т.М.(33) од с.Стајковци, управувајќи мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.М. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.