вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

БОМБА ОД ТУРЦИЈА! Галатасарај го договорил Фалкао

БОМБА ОД ТУРЦИЈА! Галатасарај го договорил Фалкао

Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао е блиску до трансфер во Галатасарај. Според информациите од Турција, турскиот клуб се договорил со 33-годишниот фудбалер за договор и годишна плата од 7 милиони евра. Половина од таа сума ќе ја плаќал Галата, а другата половина спонзорот на клубот.

Турскиот шампион веднаш премина на преговори со Монако и може да потпише со него како слободен агент. Клубот од Монте Карло сака да се ослободи од ветеранот и неговата висока плата со тоа што ќе го раскине договорот кој е со важност до 2020 година. Се разбира обострано, па така Фалкао ќе може како слободен играч да се пресели во Галата.

Минатата сезона Фалкао одигра 33 натпревари и реализира 15 голови, а играше уште за Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Порто.

Утринава Галата го комплетираше трансферот на Жан Мишел Сери кој дојде од Фулам.