18-годишна Италијанка е убиена, а нејзиното тело било искасапено од страна на мигранти од Нигерија, кои во Италија живееле со истечена виза. Според истражувањата на професорот по криминологија, Алесандро Мелучи мигрантите најверојатно планирале да и ги изедат срцето и гениталиите како дел од ритуал.
Телото на Италијанката Памела Мастерпиетро е пронајдено на улица, а нејзиното тело било исечено на парчиња и ставено во голем куфер минатиот месец во градот Поленца.
Полицијата вчера го уапсила Иноцент Осагхале во врска со убиството, откако детално биле прегледани камерите околу местото каде било оставено телото. Осагхале и е познат на полицијата како дилер на дрога, кој чекал депортација.
Полицијата ја претресе куќата на Осагхале и ги пронашла алиштата на жртвата натопени со нејзината крв, кои убиецот веројатно ги чувал како трофеј. Случајот предизвикал уште поголемо внимание кога психијатарот и професор по криминологија Алесандро Мелучи рекол во интервју за еден медиум, дека убиството има идентична позадина како ритуалните убиства на нигериската мафија.
Професорот Мелучи истакнал дека срцето и гениталиите не се пронајдени и дека се изедени во канибалистички обред.
Форензичкиот извештај потврдил дека девојката е претепана до смрт, што го урнало тврдењето на полицијата дека е убиена преку вбризгување на смртоносна количина на дрога во крвотокот.