вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за инцидентот во Бутел: Повредени четири лица, еден приведен

МВР со детали за инцидентот во Бутел: Повредени четири лица, еден приведен

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за пукањето попладнево во Бутел на улицата „Бетовенова“,

Од МВР информираат дека денес во 14.50 часот дошло до физичка пресметка, најверојатно поради нерасчистени имотно-правни односи, помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и браќата Џ.Д. и А.Д. од другата страна.

Неофицијално, имотно-правните недоразбирања биле поради оваа куќа

-Ј.И., Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д., кој во тој момент доаѓал со патничко возило „Пасат“ и видел што се случува, со возилото удрил во Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а потоа со пиштол пукал два пати во воздух. Од ударот со возилото повредени се Ј.И., Ј.И. и Е.Д., а од физичката пресметка повреден е Џ.Д., информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека на лице место е пронајден пиштол и две чаури.

-Со возило на Итна медицинска помош Џ. Д. е пренесен во Ургентен Центар, Ј. И. е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски, Ј. И. и Е. Д. се пренесени во ГОБ 8-ми Септември, а А. Д. е приведен во ПС Чаир. Полициски службеници веднаш по пријавата излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.