недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбена црквата „Св. Никола“ во Маврово

Ограбена црквата „Св. Никола“ во Маврово

Tешка кражба била извршена викендов во црквата „Свети Никола“ во село Маврово.

Од СВР Тетово информираат дека кражбата била пријавена вчера.

-Според пријавеното, сторителот насилно ја отворил вратата и одзел пари. Извршен е увид и се расчистува кражбата, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.