Возач и сопатничка се здобиле со повреди откако излетале од пат со автомобил.
Несреќата се случила вчера во 17:10 часот на регионалниот пат Богомила-Стари Град пред крстосницата за с.Мартолци.
-Патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(44) од Велес излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката Т.Б.(42) и биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.