На социјалните мрежи брзо се шири видео од соблекувалните на клубот Врбањуш кој се натпреварува во пониските лиги во Босна и Херцеговина.
Тренер на овој клуб е таму познатиот Алија Хаџиосмановиќ Брацо кој сега се најде во центарот на вниманието на Балканот по неговиот испад во соблекувалната пред еден натпревар.
Имено, Брацо нападна еден фудбалер и му посочи дека ќе игра само ако се откажал од дрогата, а потоа го натера да каже заклетва дека никогаш во животот повеќе нема да проба дрога.
– Ако се ослободи од дрогата ќе играш, ако не, нема да играш. Лежи овде да видам, направи пет склекови, побрзо, – му викаше Хаџиосмановиќ на еден од фудбалерите, а потоа следеше уште поинтересен момент кога го натера да каже заклетва со која вети дека повеќе нема да се дрогира и дека ќе доаѓа на тренинзи.