понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ефект Роналдо: Пораст на приходите на Јувентус за 58.000.000 евра од маркетинг

Ефект Роналдо: Пораст на приходите на Јувентус за 58.000.000 евра од маркетинг

Доаѓањето на Кристијано Роналдо му помогна на Јувентус да стане еден од најуспешните брендови во фудбалскиот свет.

„Газета дело спорт“ го објави финансискиот извештај во кој се наведува дека присуството на Португалецот и помогна на „Старата дама“ за заработи дополнителни 58 милиони евра, за колку што пораснале приходите од маркетингот.

Клубот од Торино првпат се најде меѓу 10-те најуспешни фудбалски брендови по продажбата на дресот. Италијанскиот гигант заработил речиси 45 милиони евра само на тоа.
Популарноста на клубот се зголемува, но и бројот на лица кои го следат Јувентус на социјалните мрежи, па сега тој изнесува 85 милиони. Старата дама по овој параметар е четврта во светот по Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.

извор: dribling.mk