петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Култура

„Трета страна на стварноста“ – изложба во Музејот на современа уметност

„Трета страна на стварноста“ – изложба во Музејот на современа уметност

Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе отвори изложба „Трета страна на стварноста“ со дела од неговата колекција, која е курирана од Ивана Васева.

Централно место ќе има  инсталацијата „Архиликс“ на архитектот и уметник Срѓан Јовановиќ Вајс, која е специјално создадена за оваа изложба. Вајс е архитект и урбанист кој живее и работи во Њујорк. Во склоп на изложбата, утревечер од 19 чаасот тој ќе одржи предавање во МСУ.

– Поставката отвора повеќе дилеми. Еден од можните начини за критичко преиспитување на солидарноста и современоста е колекцијата и архивата т.е. нивната селекција, пристапот, начинот на изложување и претставување ја одредува и нивната идентитетска и идеолошка политика и позиција, соопшти МСУ за изложбата, со која се одбележуваат и 55 години од неговото формирање како музеј на солидарноста.