Поп ѕвезадата Емина Јаховиќ очигледно тешко го поднесува раскинувањето на бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал.
На неа дополнително и е тешко бидејќи дозна дека Мустафа тајно го поминува времето со нејзината најблиска другарка Бисера, која таа ја смета за своја сестра.
Сепак за нему и на целиот свет да им покаже дека ќе го надмине тешкиот период таа на својот Инстаграм профил закачи еден мотивационен пост.
-На крајот, се што научив е како е да се биде силна и кога си сама, стои во објавата, што значи дека пејачката ќе се потруди да биде храбра и од се да излезе уште посилна.