Пејачката Маја Беровиќ за српските медиуми откри дека нема да биде дел од свадбата на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ.
Имено таа нема да присуствува на венчавката поради однапред закажаните ангажмани.
-Јас сум поканета на свадбата, но за жал нема да можам да присуствувам. Требав да имам турнеја во Америка, но не добивме работна дозвола, фановите се разочарани, но и покрај тоа што нема да имам турнеја, јас имам испланирано други ангажмани за на 24 ноември.
Таа додава дека во Америка ќе оди бидејќи и покрај настапите кои нема да се случат закажала и други ангажмани, а веќе купила и карти.
Инаку за потсетување Маја и Цеца се многу добри пријателки.