Група кучиња скитници утрово биле забележани на плоштадот Македонија како лаат и ги вознемируваат минувачите, а според сведочењата на граѓани кои се нашле таму, малку фалело неколкумина од нив да бидат и каснати.
Инаку, во полицискиот билтен секојдневно се регистрирани напади на кучиња скитници.
Од ден во ден се зголемува бројот на граѓани кои пријавуаат дека се каснати од кучиња скитници.