Три лица се повредени, од кои малолетни девојче потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината на локалниот пат за Марков манастир.
Ссообраќајката се случила меѓу „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(38) од с.Цветово, скопско и „Фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ч.(58) од с.Батинци, скопско.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничка, сопатник во возилото „фолксваген“ по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни се здобиле Р.М. и сопатник од истото возило Ш.М.(41), по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.