четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Сеизмолозите предупредуваат: Утре можен земјотрес во Дубровник

Сеизмолозите предупредуваат: Утре можен земјотрес во Дубровник

По серијата земјотреси кои рано изутринава ја погодија Албанија, од Сеизмолошкиот завод на Хрватска предупредуваат дека Албанија е изразито сеизмолошко активно подрачје, а Дубровник е продолжение на таа сеизмичка област.

– Кога станува збор за Хрватска, што повеќе одиме кон југ, тоа е сеизмичко поактивно. Овие потреси се од сеизмичко-тектонско потекло. Тоа значи дека на тоа подрачје е активна пукнатина. До потресот дојде така што дошло до поместување на длабочина од 10 километри, појасни за Индекс дежурната во Сеизмолошкиот завод.

Таа вели дека кај големите земјотреси е вообичаено да следуваат и вторични потреси.

– Таков потрес може да се случи во Дубровник уште утре, истакна сеизмологот.

Таа потенцираше дека станува збор за исто сеизмолошко подрачје, поради што се можни нови потреси во таа област.