Во местото Тумани загина дете (10) во страшниот земјотрес што ја погоди Албанија.
Еден Албанец раскажа за редакцијата на албанскиот портал „Јок Албаниа“ дека постар маж е извлечен од урнатините на напуштен хотел во Драч, а кога дознал дека внукот се уште е затрупан- починал на самото место.
Тој додаде дека детето, кое се вика Клајс, се уште е под урнатините и нема знаци дека е живо.