сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кражба во обложувалница во Ѓорче Петров: Одземени два сефа

Кражба во обложувалница во Ѓорче Петров: Одземени два сефа

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле кражба во обложувалница на ул. „Ѓорче Петров“.

Според пријавеното, сторителите со употреба на сила и подесен алат влегле во обложувалницата и одзеле два сефа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.