понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Гватемала ја сели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим

Гватемала ја сели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим

Гватемала ќе ја пресели својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим два дена откако тоа ќе го направат САД, изјави претседателот на земјата Џими Моралес.

– Би сакал да му се заблагодарам на американскиот претседател Доналд Трамп што ја предводеше оваа одлука. Неговата храбра одлука не охрабри да го направиме она што е правилно, изјави Моралес во говорот на конференцијата на американско-израелскиот Одбор за надворешни работи.

Тој потенцираше дека одлуката за селење на Амбасадата во Ерусалим е доказ дека Гватемала се солидаризира и го поддржува народот на Израел.

Гватемала е засега единствена држава која ја поддржа одлуката на Трамп, објавена во декември минатата година, дека САД ќе ја преселат Амбасадата од Тел Авив со што Вашингтон ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел.