сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанка со лажна потврда подигнала кредит од 900.000 денари

Скопјанка со лажна потврда подигнала кредит од 900.000 денари

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) и В.Л.(36), двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавените заедно изготвиле лажна Потврда за редовен работен однос во фирма во Скопје за првопријавената М.Ј., со што во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна.

После тоа, М.Ј. подигнала кредит од 900.000 денари.