Играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ по загубениот трофеј од Суперкупот на Италија, рече дека остануваат уште три шанси кои треба да се искористат.
– Има разочарување, затоа што навистина сакавме да го освоиме овој трофеј. Првото полувреме заврши со нерешен резултат по играта со слабо темпо. Имавме и шанса да поведеме и со 2:1. Постојат работи што треба да се подобрат, тоа се контролата на топката и агресивноста во одбраната. Ова е разочарувачки, но сепак треба да направиме се што е во наша моќ и да ги постигнеме нашите цели. А тие се: освојување на Скудетото, Лигата на шампионите и Купот на Италија, изјави Пјаниќ за „Фудбал Италија“.
По 17 кола во Серија А, Јувентус заедно со Интер се на водечките две позиции со по 42 освоени бода.