недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Маж и дете тешко повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Маж и дете тешко повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Две лица, од кои едно малолетно, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Ново Село.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „Фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(55) од с.Доброште и „Фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ж.(23) од с.Велешта.

-Во незгодата Ф.Д. и малолетен сопатник од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.