четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо незадоволен од одбраната на тимот

Мурињо незадоволен од одбраната на тимот

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека тимот треба да ја подобри играта во дефанзива и да не дозволува „глупи “ голови.

Тотенхем по доаѓањето на Мурињо на четири гостински натпревари има две победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

-Дали е подобро од порано? Да. Дали е ова совршено? Не. Проблемот е во тоа што често пати примаме наивни голови. Пример е дуелот со Манчестер јунајтед. Примаме гол, потоа изедначуваме и одиме на пауза со 1:1. Започнува второто полувреме – примаме глуп гол. Тоа е проблемот. Играме добро, создаваме многу шанси, но не смееме да кикисираме назад, бидејќи така нема прогрес. Тоа делува фрустрирачки на целиот тим, смета Мурињо.

Тотенхем попладнево од 16 часот гостува кај Саутемптон во дуел од 21.коло во Премиер лигата. (МИА)