петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната

Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот на сезоната

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, објави „Sky Sports Italia“.

Според италијанскиот ТВ канал, 60-годишниот Португалец и клубот нема да го обноват договорот, не се водатниту се планирани никакви преговори.

По осум натпревари Рома е на 10. место во италијанската Серија А со 11 бодови.

Мурињо е предводник на Рома од 2021 година. Во текот на својата богата тренерска кариера работеше и во Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Челзи, Порто, Леира и Бенфика.