недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Еден ден сигурно ќе заминам во Саудиска Арабија

Мурињо: Еден ден сигурно ќе заминам во Саудиска Арабија

Уште од сега се шпекулира дека Жозе Мурињо би можел да биде поранешен тренер на Рома, и да добие отказ уште овој викенд, ако неговиот тим не го совлада тимот на Калјари.

Италијанците дури пишуваат дека неговата замена ќе биде Ханс Флик, но потоа Рома се огласи и кажа дека сето тоа се невистинити шпекулации.

Откако го прашаа што планира во иднина, Мурињо кажа дека би прифатил да оди во Саудиска Арабија.

„Ќе одам во Саудиска Арабија кога ќе имам малку повеќе слободно време, а уверен сум дека ќе работам таму. Не знам кога, но сигурен сум дека ќе одам. Не знам што иднината носи, меѓутоа во некој дел од кариерата ќе работам таму“, кратко кажа Мурињо.