понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата доживува колапс- со ваквите политики растот од 3,2% што го предвидува СДСМ е научна фантазија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата доживува колапс- со ваквите политики растот од 3,2% што го предвидува СДСМ е научна фантазија

Наместо да се зафатат со работа и да почнат да даваат одговори на граѓаните зошто економијата доживува колап, СДСМ ја замајува јавноста со панични реакции. Овие девет месеци покажаа дека оваа Влада на СДСМ е најнеспособната во досегашната историја на Република Македонија. На никој не му е јасно за какви успешни економски политики и за какви позитивни и реални резултати збори СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште еднаш да ги потсетиме СДСМ дека кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата во година на политичка криза предизвикана токму од СДСМ економскиот раст изнесуваше 2,9%, сега економскиот раст изнесува 0%. Оттука ако се погледнат овие економски параметри тогаш ситуацијата е катастрофална. Економските резултати од досегашното владеење на СДСМ се пад на градежништвото од 20 %, раст на индустриското производство од скромни 2,3%, 1% раст на бруто инвестициите, и само 1% од капиталните инвестиции. Единствена светла точка се странските инвестиции од економските зони кои СДСМ непрекинато ги критикуваше. Исто така би сакале да ја потсетиме јавноста дека од осумте странски инвестиции, четири се донесени токму во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата и се додава:

„Граѓаните досега не почувствувале ниту една придобивка од владеењето на СДСМ. Јавноста е сведок дека ништо од тоа што е ветено не се исполнува. Она за што сите сме сведоци е дека имаме тотално неодговорно управување со финансиите како и спроведување на некаков си План за економски раст од кој никој не видел бенефит. Со ваквите економски политики растот од 3,2% што го предвидува СДСМ е научна фантазија“.